ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Властите во Германија открија кај Daimler 5 незаконски уреди

Германскиот орган за контрола на возилата KBA откри 5 незаконски уреди за манипулирање кај дизел моторите на концернот Daimler, соопштува весникот Bild am Sonntag

Властите тврдат дека уредите кои го намалуваат процентот на штетните емисии, се поставени главно на дизел мотори кои ги исполнуваат стандардите Евро-6. Според извештајот на KBA автомобили со вакви анаомалии се околу еден милион.

Соработуваме целосно со властите, со KBA, како и Министерството за транспорт и не се согласуваме со ставот дека сме ги прекршиле правилата, бидејќи сме добивале одобренија за вградување на тие уреди“, е единствениот коментар од страна на Daimler.

Daimler

Пред една година од KBA објавија дека 1.6-литарски дизел мотор, поставен на Mercedes-Benz Vito е опремен со „манипулирачки софтвер“ и му нареди на концернот да ги повика корисниците на автомобилите во сервисните центри на репрограмирање на дизел моторите. Од изданието дополнуваат дека извршниот директор на Daimler, Дитер Цетче, оваа седмица ќе има средба со министерот за транспорт на Германија Андреас Шојер за да разговараат за проблемот.

 

Клучни зборови

Поврзани вести

Close