fbpx

Во Сибир, оживуваат автомобили на Marussia?

Компанијата VIP-Service од градот Новосибирск презела тешка задача да прероди модели од рускиот производител Marussia, кој запиша кратка, но бурна историја, вклучувајќи и учество со свој тим во F1

Животниот пат на Marussia сепак заврши брзо поради снемување на средствата со кои компанијата располагаше.

Но, следи преродба на Marussia како што објавува локалната новинска агенција RCI News, која објавува фотографии на некои од автомобилите, на кои се работи. Имено, VIP-Service купил 6 автомобили, кои останале сопственост на производителот по банкротот, а зделката се случила во ноември минатата година.

Marussia

Компанијата од Новосибирск добила купе модел B1 и B2, еден родстер B1, прототипот на кросоверот F2, како и концептниот B3, кој сепак е без мотор. Најмоќната верзија секако е изведбата B1, која се задвижува од 2.8-литарски V6 мотор, дело на Cosworth, чија моќност е 420 коњски сили. Според информации од компанијата, возилото е во движење, но има потреба од поправка на каросеријата, бидејќи најверојатно претрпело некаков инцидент.

Добрата вест за фановите на Marussia е дека шефовите на VIP-Service ја испитуваат можноста да ги купат правата на брендот и да го продолжат производството на руските супер изданија во догледна иднина.

Поврзани вести

Back to top button