НАСЛОВНАТЕХНОЛОГИЈА

Volkswagen до 2026 година ќе ги „истреби“ конвенционалните мотори

Последната генерација на мотори со внатрешно согорување ќе ја прозиведува до 2026 година, така што овој германски производител ќе се насочи целосно кон електричниот погон

Амбициите за развивање и насочување кон целосно електричните возила е се поголем тренд кај производителите денес, особено со зголемувањето на рестрикциите кон моторите со внатрешно согорување низ повеќето европски градови.

Еден од производителите кој се стреми кон целосна замена на конвенционалните мотори со електрични, е и германскиот производител Volkswagen. Тој изјави дека следната генерација на VW бензинските и дизел мотори воедно ќе претставува и последна. Сепак, ова нема да се случи преку ноќ, но 2026 година и не е баш така далеку.

Како главен стратег на Volkswagen, Мајкл Џост објасни: „Работиме на постепено отфрлање на моторите со внатрешно согорување. Нашите колеги работат на последната платформа наменета за возила кои не се CO2 неутрални.“

volkswagen

Електричниот напредок на овој производител е веќе во тек, а ќе се забрза значително по претставувањето на производната верзија на концептниот модел ID. Овој електричен хечбек се очекува да биде наречен ID Neo и да се појави на пазарот кон крајот на наредната година.

И покрај ваквите чекори, целосното истребување на возилата погонувани со конвенционалните мотори сепак не е возможно, барем не во блиска иднина. Со оглед на фактот дека одредени пазари кои сеуште се во развојна фаза немаат доволна инфраструктура за подршка на оваа транзиција, Џост предложи бензинските и дизел моторите да бидат достапни и по 2050 година.

Деновиве со една ваква изјава излези и Audi, кој најави дека ќе инвестира околу 15,8 милијарда долари во електричната мобилност и автономната технологија, до крајот на 2023 година. Така, тие ќе понудат околу 20 електрични модели до 2025 година, од кои околу половина ќе бидат со целосно електричен погон.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close