Volkswagen Arteon во караванска изведба

Уште минатата година шефот на единицата за производство на возила од средна и висока класа на модели на Volkswagen, д-р Елмар Мариус Личарз, истакна дека се надева наскоро на пазарот да се појави верзија Arteon Shooting Brake и прецизираше дека компанијата веќе ја разгледува ваквата можност

Сега на проектот и официјално му е дадено „зелено светло”, но се уште не знае кога ќе биде подготвен финалниот автомобил. Топ-менаџерот не открива други детали, но сепак призна дека претстои проширување на палетата мотори на Volkswagen Arteon со 6-цилиндерски агрегат, првиот од овој тип, понуден за модел во Европа. Најверојатно станува збор за 3.6-литарскиот V6 со моќност од 276 КС и 361 Nm вртежен момент, кој во САД се вградува на кросоверот Atlas.

Премиерата на VW Arteon се одржа пред една година на автосалонот во Женева. Фастбекот е изграден на платформата MQB, која е во основата и на последната генерација на VW Passat. Од овој модел се преземени, исто така, моторите, шасијата и ентериерот. Стартот на продажбата на Arteon во Европа беше во мај 2017 година, а до крајот на годината од моделот на Стариот континент беа продадени речиси 10.000 примероци. На пазарот во САД фастбекот ќе стапне дури во јуни оваа година, како ќе се нуди со 2.0-литарски TSI мотор со моќност од 268 КС и 350 Нм. Тој може да биде со преден погон или со систем 4х4, а менувачот е 8-степенски автоматски.

Поврзани вести

Back to top button