Volkswagen двојно ја зголеми добивката во 2017 година

Групацијата Volkswagen речиси двојно ја зголеми својата добивка во 2017 година, но очекува намалување во 2018 година поради различни глобални фактори

Извештајот за минатата година, кој официјално беше објавен пред неколку дена, покажува оперативен профит од 13,8 милијарди евра за 2017 година, во споредба со 7,1 милијарди евра претходната година. Профитна маргина, која во 2016 беше скромни за автоиндустријата 3.3 отсто, сега е зголемена до 6% и ќе беше дури 7,4%, ако не беа вонредни трошоци за покривање на парични казни и судски трошоци околу Дизелгејт.

добивкаИ покрај импресивните резултати сепак Концернот направи внимателна прогноза за 2018, со оправдување за глобални ризици, како растечките расположенија против дизелот, очекуваното благо забавување на економскиот раст во светот, како и неповолни промени во девизните курсеви.

– Ние, како и целата индустрија, се соочуваме со огромни предизвици и радикални промени, рече главниот извршен директор на VW, Матијас Милер. – Преселбата на електричен погон и автономниот менаџмент, каде што Групата планира да инвестира 20 милијарди евра во наредните години, ќе влијае на профитот. Милер очекува приходите во 2018 година да се зголемат за околу 5%, а профитната маргина да изнесува 6,5-7,5%.
добивка

Приходите на VW во 2017 година достигнаа рекордно високо ниво од 231 милијарди евра (10,7 милиони продадени автомобили од сите брендови, вклучувајки ја и товарната програма).

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close