Volkswagen со електричен наследник на Phaeton
Volkswagen планира електрична лимузина која ќе биде ривал на S-Class на Mercedes и ќе се обиде да ја поправи лошата слика од Phaeton, кој не успеа да ги убеди потрошувачите дека брендот може да произведува луксузни автомобили.
Новиот модел, кој сеуште нема име за сериската верзија ќе биде базиран на концептот I.D. Vizzion, кој беше претставен во март во Женева. Како што се дознава дека конструкторите на гигантот ќе ја користат новата MEB платформа, која ќе и овозможи на сериската варијанта да ја задржи должината и меѓуоскино растојание на концептот.
Желбата ни е I.D. Vizzion да го претвориме во реален модел. Објасни Јирген Штакман, кој е одговорен за маркетинг и продажба на Volkswagen. Ова е предводник на следната генерација лимузини и во ниеден момент не сме имале дилема што погон користиме.
Можностите на модуларната платформа MEB ќе му дозволат на VW да нуди различни опции за лимузината, што се однесува до батериите и досегот кој тие го гарантираат, аи во однос на погонот – бројот на електромоторите. За старт дека по еден електричен мотор на предната и задната оска исто ќе е возможен.
Според шефовите на VW, километражата со едно полнење на сериските модели од идната I.D. палета ќе е околу 400 километри. Што се однесува до луксузниот модел, би требало да очекуваме барем 600 километри со едно полнење.