fbpx

Volkswagen ID. R го сруши рекордот на Goodwood

Електричниот Volkswagen ID. R го собори 20-годишниот рекорд на ридската патека на Goodwood

Целосно електричниот Volkswagen ID. R го сруши рекордот на ридската патека на Goodwood, намалувајќи го за 1,7 секунди времето што го постави Ник Хајдфелд во McLaren Formula 1 во 1998 година.

Управувано од Ромејн Думас, ID. R е првиот автомобил што некогаш го завршил искачувањето за помалку од 40 секунди. Ридскиот рекорд доаѓа одкако Volkswagen ID. R постави нов маркер за електрични автомобили околу Nurburgring Nordschleife, намалувајќи 40 секудни од постоечкиот EV рекорд.

Моќноста кај Volkswagen ID. R доаѓа од два електрични мотори кои нудат комбинирани 670 коњски сили и 650Nm вртежен момент, доволни за спринт од 100 km/h за само 2,25 секунди. Моторите се напојуваат со литиум-јонска батерија, за која од Volkswagen не објавија поконкретни информации. Автомобилот тежи нешто помалку од 1.100 килограми.

„Започнува промената во производството на возилата и моторспортот. Електричните автомобили стануваат се помоќни и одлично е да ги видиме како им пркосат на автомобилите со конвенционален погон на патеката“, изјави Свен Сметс, директор на Volkswagen моторспорт. „За да добиеме идеја колку далеку го развивме автомобилот, во 2018 година достигнавме време од 00:43.86, кое оваа година го подобривме за скоро три секунди“, додаде тој.

Поврзани вести

Back to top button