Volkswagen ја купува Tesla?

Германскиот автомобилски гигант Volkswagen AG и калифорниската инвестициска компанија Silver Lake Partners се меѓу потенцијалните инвеститори во Tesla Motors, тврди авторитетниoт американски весник Wall Street Journal

Двете компании се подготвени да платат по 30 милијарди долари за произведувачот на електрични автомобили. Зделката сепак нема да биде лесна, бидејќи инвеститори од таков калибар ќе сакаат да одлучуваат за иднината на Tesla. Ова ќе ја чини независноста на компанијата, што се „судира“ со идеите на Маск.

Веста доаѓа на позадината на контрадикторните сигнали за намерите на Илон Маск во врска со сопственоста на компанијата. Претприемачот се откажа од предлогот на Суверениот фонд на Саудиска Арабија да ги откупи акциите на компанијата, што според Bloomberg предизвика крајно незадоволство меѓу Арапите.

Изданието тврди дека Маск и Саудијците не успеале да се договорат за структурата на нивното учество во управувањето на Tesla. Тоа ги натерало Арапите да се одлучат за инвестиции во друг калифорниски производител на електрични возила, кој сепак допрва почнува, Lucid Motors.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close