fbpx

Volkswagen лансира GTX верзија и за ID.Buzz

Volkswagen продолжува со додавањето на GTX изведби во гамата на своите електрични модели, а последен во низата е ID.Buzz

По лансирањето на ID.7 GTX Tourer и ID.3 GTX хот хечот, Volkswagen одлучи да ја претстави и првата GTX верзија на ID.Buzz, што воедно е и првата верзија на овој модел со два електромотори.

Спортскиот ID.Buzz го добива истиот мотор кај ID.7 GTX Tourer со 286 КС (250 kW) поставен на задниот дел и ги движи задните тркала, a тука е и моторот од 109 КС (80 kW) во предниот дел кој што ја испраќа својата моќ до предните тркала за комбинирана системска моќност од 340 КС.

VW ID.Buzz GTX

Погонскиот систем може да користи една од двете батерии во понудата – од 79 kWh кај ID.Buzz GTX со стандардно меѓуоскино растојание и пет седишта или од 86 kWh кај комбето со долго меѓуоскино растојание со три реда седишта. VW не открива бројки за опсегот, но ни кажува дека кратката верзија ќе се полни со 185 kW, а долгата со 200 kW, што значи дека и двете може да се надополнат од 20 до 80 проценти за помалку од 30 минути.

Помоќен од стандардната верзија

Исто така, тврди дека и двете верзии достигнуваат од место до 100 км/ч за истите 6,5 секунди, што изгледа чудно со оглед на тоа што верзијата со продолжено меѓуоскино растојание со голема батерија мора да тежи значително повеќе (VW не открива бројки за тежината за ниту една конфигурација ). Оваа бројка за забрзување го прави прилично побавен од ID.7 GTX (5,6 секунди) и исто така помалку брз од ID.3 GTX со погон на задните тркала (5,6-6,0 секунди во зависност од опциите). Но, тоа исто така значи дека ID.Buzz GTX ќе биде далеку побрз во однос на SWB Buzz (204 КС) со еден мотор кој моментално се продава во Европа.

Покрај тоа што ќе има максимална брзина од 160 км/ч, наместо со 145 км/ч, ова не е единствената придобивка што ја обезбедува новиот систем за погон на сите тркала со оглед на тоа што драматично се подобрува капацитетот за влечење на GTX. Оценката за влечење на LWB GTX се движи од 1.000 килограми до 1.600 кг, додека моделот SWB добива засилување од 800 кг до 1.800 кг.

GTX елементи

Како и другите GTX модели на VW, побрзиот ID.Buzz се одликува со елементи кои го истакнуваат неговиот спортски дух. Има нов долен браник со истата дизајнерска карактеристика што се гледа на спортскиот ID.3, плус решетка со дијамантска мрежа која е избрана во сјајно црна боја, како и капачињата на ретровизорите. Стандардните тркала се Venlo од 19 инчи, но два комплети бандажи од 21 инчи се достапни како опција. Најпрвилечно од се се чини дека е бојата. Cherry Red достапнa или самостојно или со сребрено за двотонски ефект, е ексклузивнa за GTX, a купувачите можат да изберат и од редовната палета на Buzz.

Внатрешноста, како и надворешноста, се одликува со истата перформансна ориентираност. GTX е единствениот Buzz кој доби црна прекривка на покривот и широка употреба на црна пластика каде што вообичаено би виделе светли бои на моделите кои не се GTX, и црни микрофлис седишта со црвени рабови, плус црвените шевови на GTX брендираниот управувач, јасно покажува дека ова е спортскиот модел во линијата. Верзиите SWB добиваат избор од конфигурации со два реда и пет седишта, или три реда и шест седишта, додека подолгиот Buzz додава опција со седум седишта. Сите го добиваат најновиот инфозабавен систем на VW на ChatGPT и 12,9-инчен екран на допир, плус можност да нарачате огромен панорамски покрив со паметно стакло.

VW ID.Buzz GTX

Купувачите од Европа и Велика Британија ќе можат да го обезбедат својот GTX ова лето за испорака во втората половина од годината.

Поврзани вести

Back to top button