fbpx

Volkswagen со напредок во развојот на батерии за електрични возила

Научниците од концернот Volkswagen почнаа да користат квантни компјутери за развој на електрични акумулатори

Испитувањата веќе ги дадоа првите позитивни резултати, IT експертите можат да моделираат литиум хидрид и јаглеродни вериги, кои ќе се користат во иднината. Првите резултати од проектот ќе бидат претставени на CEBIT Technology Expo во Хановер оваа недела. Идејата на научниците е да создаде целосна хемиска структура на батериите, користејќи квантен компјутер.

Ова ќе помогне да се добијат различни конфигурации и параметри, кои ќе се користат при производството на батерии со минимална тежина и максимална густина на енергија. Ова во голема мера ќе го забрза процесот на развој на батериите за електрични автомобили, кој во моментов е многу сложен и зазема огромни ресурси.

Volkswagen

Според директорот на одделот за IT во Volkswagen, Мартин Хофман, сега постои голема дигитализација на работните процеси во концернот.

Новиот бизнис модел, исто така, ќе создаде вештачка интелигенција, која исто така ќе се користи во автомобилската индустрија. Партнери на Volkswagen во квантните истражувања се Google и D-Wave, кои му обезбедуваат на производителот на автомобили пристап до нивните системи. Проектот нема да биде ограничен само на создавање на нови батерии, туку ќе се користи и за други цели – на пример, за пресметување на најбрзиот и најкраткиот пат за автомобилската навигација.

Побарувачката за нови материјали и технологија на батерии е едно од најинтересните области за нови инвестиции во автомобилската индустрија. Производителите се подготвуваат за револуција што нема да се избегне. На проект сличен на оној на Volkswagen, исто така работи Toyota, која ги користи сознанијата на научници од водечките американски универзитети.

 

Поврзани вести

Back to top button