fbpx

VW не се откажува, ID.3 на продажба од август

Volkswagen нема намера да се откаже од плановите за ID.3, а исто така нема намера да го намали бројот на вработени доколку продолжи паузата со произвоството

Германскиот гигант за производство на автомобили нема намера да се откаже од своите цели и планира во август да започне со испораката на својот електричен модел Volkswagen ID.3 за широкиот пазар, и покрај тоа што фабриките во Европа во моментов не работат поради пандемијата на коронавирусот.

Најголемиот светски производител на автомобили, кој се соочува со фиксни трошоци поголеми од две милијарди евра неделно бидејќи неговите погони во Европа не работат, обврзан е од строгите европски регулативи за емисија на штетни гасови и би можел да се соочи со големи парични казни ако не продаде доволно електрични и хибридни возила во текот на 2020 година.

„Се бориме да го испочитуваме тој датум“, изјави Франк Витер, главниот финансиски директор на компанијата, но признава дека на Volkswagen во моментов му се врзани рацете поради затворањето на погонот во градот Цвикау, каде се произведува моделот ID.3, како и поради доцнењето во развојот на софтверот за ова возило.

Витер додаде дека Volkswagen, кој ги затвори сите свои фабрики барем до 9 април, се надеваат дека повторно ќе започнат со производство пред летото. „Не сметаме дека затворањето до јуни е наше најверојатно сценарио. Сепак, законската рамка и подготвеноста на купувачите за повторно да размислуваат за купување на автомобил ќе бидат клучните фактори во донесувањето на одлуките“, заклучи Витер.

Се проценува дека светската автомобилска индустрија во 2020 година ќе претрпи поголем удар и пад отколку за време на финансиската криза во 2008 година, со околу 10 милиони продадени возила помалку, според податоците на IHS Markit.

Поврзани вести

Back to top button