fbpx

Во VW сепак се за ограничување на брзината на автопатите

Шефот на Volkswagen, Матијас Милер, го сподели ставот дека треба да се воведе ограничување на брзината на германските автопати, поради повеќе причини

Во интервју за Handelsblatt тој и неговиот колега од Советот за одржлив развој на компанијата, Георг Кел, поделија мислење дека има места на автопатите, каде што не може секој да прави што сака според можностите на автомобилот, бидејки тоа не го дозволува ситуацијата и условите, па неодговорните треба да бидат казнети, дури и отстранети од сообраќајот.

Двајцата менаџери имаат отстапувања само за роковите во кои треба да се воведат ограничувања насекаде. Милер верува дека ова нема да се случи наскоро, додека Кел е категоричен додавајки дека тоа треба да се стори што е можно поскоро.

брзината
– Ова е чувствителна тема. Уште не сме ја разгледувале на консултативниот совет, но сум убеден дека ситуацијата ќе се промени во наредните неколку години. Работите се движат во таа насока, на повеќето автопати се донесени ограничувања и се на сила во моментов, вели Кел. брзината

Позицијата на шефовите на VW да заземат став околу ограничувања на брзината на патиштата не е новина. Уште пред неколку години во Германија започна дискусија на оваа тема. Во март 2011 година германски суд го прогласи возачот кој возел со над 200 km/h во делот без ограничување, за виновен за несреќата, иако не е формално причинител. Во последните неколку години се изречени уште многу слични обвиненија, па многумина сметаат дека треба да се размисли повеќе околу оваа тема.

Поврзани вести

Back to top button