ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Volkswagen го покажа новото лого?

Германскиот производител уште изминатата година ја најави промената на своето лого, чиј нов дизајн може да се забележи на едни од последните неофицијални фотки на прототипниот Golf 8

Логото на реномираниот германски бренд, доживеа низа промени во текот на годините. Почнувајќи од 1933 година, препознатливото лого на Volkswagen беше сменето дури девет пати. Последната измена е направена во 2000 година, каде промените во дизајнот беа многу суптилни. Изминатата година производителот најави нова промена закажана за 2019 година, но сеуште не се објавени никакви официјални информации околку изгледот на новото лого.

Сепак, изменетото лого може да се забележи на последните фотографии од прототипните тест-изведби на новата генерација на легендарниот Golf. Со претпазлив и еволутивен дизајн, сличноста со тековното е навистина голема.

лого

Буквите „V“ и „W“ се сега потенки, со што просторот меѓу нив е зголемен. Долниот крај на „W“ повеќе не е поврзан со околниот круг, кое прави новото лого да добие ретро стил кој нѐ потсетува на неговите претходници.

Судејќи според фотографиите, новото лого се чини дека ќе биде за првпат воведено во новиот Golf 8. Причините околу оваа промена се сеуште непознати, но се очекува Volkswagen да излезе со соопштение по официјалното претставување на осмата генерација на својот најпродаван модел.

 

Клучни зборови

Поврзани вести

Close