fbpx

Volkswagen го остава T-Cross без електричен мотор

Електричната енергија продолжува да ја освојува автомобилската индустрија, но има и сегменти на кои е тешко да се воведе. Еден од нив е буџетскиот модел за масовните пазари, T-Cross.

Претставниците во оваа класа, со воведување на електрични верзии имаат цена која не одговара за сегментот, па од Volkswagen најавија дека нема да користат хибридни или електрични единици за својот нов компактен кросовер T-Cross, кој неодамна беше воведен. Причината е тоа што цената на автомобилот ќе се доближи, па дури и ќе ја надмине на модели кои се поголеми и нудат повеќе.

Во моментов, T-Cross е најмалиот кросовер на VW. Тој е изграден на платформата на Polo, а неговиот главен ривал на пазарот во Европа е Renault Captur. Германскиот модел доаѓа со 1.0 литарски турбополнач кој развива 95 или 115 КС.

T-Cross

Уште две модификации на кросоверот доаѓаат и ќе добијат 1.5 литарски бензински турбополнач и 1.6 литарски дизел. Сите верзии се со погон на предните тркала, бидејќи системот за погон на четири тркала исто така ќе ја накачи цената на автомобилот.

Поврзани вести

Back to top button