fbpx

Volkswagen Tharu е за светот, но не за Европа!

Ова е изгледот на апсолутно новиот кросовер, кој го доби името Volkswagen Tharu. Наменет е првенствено за пазарот во Кина, каде што ќе се појави уште во текот на оваа година

VW го најави изгледот на апсолутно новиот кросовер, кој го доби името Tharu. Тоа е од два збора – toughness (цврстина) и ruggedness (ригидност), иако првично станувало збор за Tharu – народ, кој живее na териториja меѓу границите на Индија и Пакистан. Екстериерот на Volkswagen Tharu е во духот на кросоверот Atlas / Teramont и Tiguan.

vw Tharu
Автомобилот има LED-оптика, правоаголна решетка, масивни браници и засилени страници. Димензиите на новиот SUV се 4,45 х 1,81 х 1,62 метри, а големината на меѓуоскиното растојание е 2,68 m.
Во претходните информации беше истакнато дека најблизок роднина на Volkswagen Tharu е Skoda Karoq, односно во основата и на двете машини лежи архитектурата MQB во верзијата за кинескиот пазар – со продолжено за 50 mm меѓуоскино растојание. Поради ова, германската нова машина е нецелосно идентична со чешката. Но, Германците поголема сличност најавуваат со другите нови модели на Volkswagen, на прво место со Tiguan. Најверојатно новиот кросовер ќе добие слична моторната гама, особено бензинските турбо четворки од 1.2 и 1.4 литри со моќност од 116 и 150 КС. Меѓу опремата на машината впечаток остава панорамскиот покрив и камерата за 360 степени.

Volkswagen Tharu е наменет првенствено за пазарот во Кина, каде што ќе се појави уште во текот на оваа година. Подоцна ќе биде понуден и на други големи пазари во светот, вклучително и во Русија, но нема да се продава во Европа.

 

Поврзани вести

Back to top button