fbpx

Volvo го освежи XC40 и подготви нова верзија на C40 Recharge

Шведската марка Volvo додаде поевтина верзија на C40 Recharge со еден електромотор, а подготви и освежување за ЕВ верзијата на XC40

Пред една година Volvo го лансираше C40 Recharge, поелегантната верзија на XC40 Recharge. Моделот дебитираше ексклузивно како целосно електричен автомобил со два електромотори и погон на сите четири тркала, а сега шведската марка ја претстави и поевтината варијанта со еден електромотор.

Volvo XC40 C40

Оваа верзија на C40 Recharge ги придвижува предните тркала, а енергијата пристигнува од 69 kWh батеријата. Станува збор за помала батерија во однос на онаа кај верзијата со два електромотори каде се наоѓа 78 kWh батерија. Volvo вели дека кросоверот со еден електромотор ќе понуди до 434 километри опсег на движење со полна батерија.

Од друга страна, XC40, кој базиран на истата платформа, веќе има опција со еден електромотор, но новитетите кај компактниот SUV се однесуваат на стилското ажурирање за целосно електричната Recharge верзија.

Volvo XC40 C40

XC40 сега добива нов изглед на предната решетка, ревидирани LED Thor’s Hammer светла со адаптивна технологија и нов браник со што стајлингот се приближува до оној на C40. Volvo исто така додаде и опција за премиум тапацир без кожа кај XC40 Recharge, заедно со нови бои за екстериерот и нов дизајн за тркалата.

Volvo најави минатата година дека ќе стави крај на производството на мотори на внатрешно согорување до 2030 година, а компанијата одлично напредува на планот на замена на својата постава со електрични возила. Компанијата има и дополнителни пет електрични автомобили во развој кои ќе пристигнат до средината на деценијата.

Volvo XC40 C40

Од Volvo не објавија датуми за почеток на продажбата на C40 со еден електромотор и освежениот XC40, а исто така не објави ниту детали за цените.

Поврзани вести

Back to top button