fbpx

Volvo со последна генерација на дизел мотори

Шведскиот производител изјави дека финалната генерација на дизел мотори е во развој и ќе биде лансирана подоцна оваа година

Шведската компанија започна навистина брзо да ја прифаќа електрификацијата, со што моментално е еден од автопроизводителите со најширокиот спектар на хибридни возила. Сепак, тоа не значи целосно отстранување на конвенционалните, односно моторите со внатрешно согорување.

Речиси сите нови модели на Volvo сеуште се нудат со дизел мотори и ова нема да се промени во наредните три до пет години. Ова го потврди Лекс Керсемакерс, шев на Volvo во Европа, кој изјави дека финалната генерација на дизел мотори е во развој и ќе биде објавена нешто подоцна годинава.

дизел мотори

„Ќе ја претставиме следната генерација на дизел мотори во јуни. Тие вообичаено се актуелни од три до четири години, па така можеби за пет или шест години, нема повеќе да понудиме дизел“, изјави Лекс. Тој исто така потврди дека дизелите ќе продолжат да играат важна улога во краткорочната стратегија на компанијата.

На ова се надоврза и извршниот директор на Volvo, Хакан Самуелсон, велејќи дека доколку брендот сака да напредува во поглед на електрификацијата, потребно е да се каже „не“ на дизелските агрегати, а како резултат на ова е новиот S60 кој не е достапен во дизел изведба.

Поврзани вести

Back to top button