fbpx

Возевме Koleos -врв во СУВ гамата на Renault

Новиот Koleos, имаше регионална презентација во Белград, а ние имавме можност да седнеме зад воланот на неколку верзии до околината на Нови Сад

Renault реши да го направи Koleos повеќе од едноставен кросовер, да го понуди како луксузен модел, кој едноставно ќе биде рамо до рамо со Talisman и Espace. Воедно, новиот Koleos, е врв во гамата на Реноовите кросовери, која ја сочинуваат уште Captur и Kadjar.

Некако навикнавме во последно време Renault да „вади“ по некој специјалитет од својата кујна. А, кога е во прашање француската, со додатоци од јапонската, па и малку корејската, тогаш специјалитетот едноставно мора да е добар. Таков е случајот со новата генерација на Koleos, кој во основа е Renault и ја носи неговата значка, но со многу примеси од патнерот во Алијансата, а ќе се произведува во погоните на Бусан, во Јужна Кореја. Но, тоа не треба ни најмалку да не чуди, бидејќи е факт дека Алијансата и тоа како профитираше досега кога ги здружи во некое заедничко дело, француските и јапонските идеи, креациите на дизајнерите и конструкторите и се разбира од многу практични работи-ресурсите. Koleos е всушност еден таков пример на успешна соработка, бидејќи е создаден на основа на Nissan X-Trail.

Дизајн

Претставен по прв пат на салонот на автомобили во Пекинг во 2016 година, Koleos тргна во продажба на европските пазари ова лето, а и ние имавме прилика да се запознаеме директно со повеќе претставници од гамата, во рамките на регионалната презентација во околината на Белград-Нови Сад, односно прекрасниот Видиковец, каде на дланка може да се види прекрасната долина на војводинската метропола распослана на двете страни на Дунав. Сличностите со Espace и Talisman се очигледни веднаш по првиот контакт со кросоверот, особено кога се во прашање елеметите од корпоративниот дизајн на француската марка, предните и задни светла, со преознатлив потпис од новиот Megane изведени во потполна LED технологија.

Сличностите со Espace и Talisman се очигледни веднаш |
Мускулест и елегантен поставен на врвот на СУВ понудата |
 Корпоративниот дизајн на француската марка, со препознатлив LED потпис од новиот Megane |

     

    Надворешност

    Во предниот дел исто како и кај престижната лимузинска изведба, надвор од рамките се протега светлосен додаток во облик на „С“ буквата и со тоа кросоверот некако оддава посебно нагласен поглед. Во зависност од изведбата, новиот Koleos е достапен со за оваа цел развиените Pure Vision кратки и долги светла. Тука мора да ги издвоиме дневните светла кои даваат единствен изглед и фактот дека ова е Реноова креација, која се одликуваат со 20% подобар светлосен сноп во споредба со халогените светла и осигурува значително подобра видливост ноќе. На крајот, кога сме кај светлата напред, треба да се потенцира дека го зголемуваат чуството дека пред вас е многу широк автомобил (1.840 mm). Трајно осветлените задни светла се изведени во технологија Edge Light со јасен и впечатлив 3D ефект. Со цел да ја нагласи богатата понуда на палетата на новиот Koleos, Renault за овој автомобил подготви седум бои на каросеријата. Исто така тука се и четирите нови дизајна на фелни, од 17 до 19 инчи во повеќе бои.

     Светлата Edge Light го зголемуваат чуството дека пред вас е многу широк автомобил |
    Како и кај престижната лимузинска изведба, надвор од рамките се протега светлосен додаток во облик на „С“ буквата и со тоа кросоверот некако оддава посебно нагласен поглед |
    Renault за овој автомобил подготви 7 бои на каросеријата и 4 нови дизајна на фелни, од 17 до 19 инчи |
      Внатрешност

      Веќе основната изведба на Koleos е опремена со Bluetooth аудио состав со 4,2 инчен водорамно поставен екран. А, веќе со второто ниво на опременост е нуди мултимедиумскиот состав R-Link 2. Тој состав е достапен во скоро цела палета на луксузни Реноови модели и овозможува управување со повеќе функции на возилото, како што се навигација, телефонирање, радио и состав за помош при возење. Во комбинација со екранот на R-Link 2, најважните податоци: брзина, бројот на вртежи, потрошувачка, основни информации за услови на патот и поединости од навигацискиот уред се прикажани на прилагодливиот 7-инчен екран меѓу главните инструменти, пред возачот. Седиштата удобни со врвен комфорт, простор во кабината повеќе и од доволно и плус 579 литри во багажникот, чиј волумен со соборување на седиштата се зголемува до 1.795 литри. Bose и Renault соработуваат од 2008 година, со цел да понудат највисока технологија во луксузните француски модели. За оваа цел Bose разви посебен состав во кој се земаат во предвид акустичните особини на внатрешноста. Благодарејќи на технологијата Bose Centrepoint 2, звучноста е на највисоко рамниште.

      На 7 инчниот екран се достапни сите важни информации како и R-Link 2 |
      Bose разви посебен состав во кој се земаат во предвид акустичните особини на кабината |
      Седиштата удобни со врвен комфорт и плус 579 литри во багажникот|
      Со соборување на седиштата просторот се зголемува до 1.795 литри |

        Во понуда на новиот Koleos се наоѓаат два дизелски мотори, рачен и автоматски менувач. Понудата ја започнува 1.6-литарскиот Common rail Energy dCi со моќ од 96 kW (131 КС) и максимален вртежен момент од 320 Nm. Новина е 2.0 литарскиот dCi со моќ од 130 kW (177 КС) и момент од 380 Nm. Послабиот се нуди со мануелен менувач со шест степени на пренос, додека помоќниот со безстепен CVT менувач X-Tronic. Последниот е достапен и со погон на сите четири тркала All Mode 4×4. Овој состав постојано го следи нивото на управливост со цел да осигура оптимална тракција, без оглед на условите на патот. За разлика од многу конкуренти, новиот Koleos и натаму има прекинувач со кој може да се избере начин на пренос. Тој прекинувач е сместен лево од управувачот и му овозможува на возачот да одбере некои од трите начини на работа: 2WD, 4WD Auto или 4WD Lock.

        Kонструкцијата од висококвалитетен челик и големиот број системи му овозможија 5 ѕвездички за EURO NCAP

        Новиот Koleos се потпира на големото Реноово искуство во подрачјето на пасивната сигурност и веќе оствари пет свездички на тестирањата на Euro NCAP. Тоа се должи пред сè на извонредната конструкција на кросоверот од висококвалитетен челик, а со додаток на композитни материјали дополнително е заштитен патничкиот дел, кој нуди највисоко ниво на заштита на патниците. За нив секако како дел од пасивната безбедност се грижи пакетот воздушни перници и завеси. Од активната безбедност ги издвојуваме надзорот за пролизгување, електронска контрола на стабилност (ESC) од најновата генерација, електронска распределба на силата на сопирање, помош при тргнување на нагорнина, активен состав за сопирање во дадена ситуација (AEBS City и Inter-Urban), LDW, BSW и препознавање на сообраќајните знаци. Од помошните системи присутни се камера за возење наназад, странични и задни паркинг сензори, состав за паркирање Easy Park Assist.

        Врвната изведба Initiale Paris донесува ектра доза на луксуз и екстраваганција

        Koleos е петтиот модел по Cliо, Espace, Talisman и Captur, кој се нуди во врвната луксузна изведба Initiale Paris. Таков на располагање на презентацијата имавме и ние, со амбиетално светло, панорамски покрив, Napa кожа, елементи од дрво, алуминиум, хром, специјални додатоци, ознаки… Цените се очекува да почнуваат околу 27.000 евра за верзијата ZEN Energy dCi 130.

        Поврзани вести

        Back to top button