Виктор 15-ти, а Иџе 16-ти во втората трка во Зандворт

Конечно двајцата македонски возачи, кои се дел од годинашниот Европски TCR шампионат завршија една трка

Во втората трка од рундата во Зандворт, во Холандија, Виктор Давидовски се пласира на 15-то, а Игор Стефановски веднаш зад него. По вчерашниот инцидент кога настрада возилото на Иџе во онаа мешаница на стартот, беше доведено во прашање настапот на нашиот возач во оваа втора трка, која беше на програмата денес. Сепак, тимот на нашиот „летечки Македонец“, работеше напорно во текот на ноќта и денес претпладне и успеа да го оспособи неговото Hyumdai да се најде на патеката.

Иџе успеа за момент и да се пробие нешто понапред, но очигледно не беше доволно опоравен од оној удар вчера и на крајот сепак заври на 16-то место. Виктор Давидовски ја заврши и втората трка без никакви оштетувања на автомобилот и го освои 15-то место во Зандворт, оставајки го зад себе токму Игор Стефановски.

Инаку, првото место на денешната трка го освои Џош Фајл од Британија кој заврши пред домашниот возач, Јап Ван Лаген и Унгарецот Атила Таши. Следната рунда од ова натпреварување е закажана за 9 и 10 јуни, каде Иџе и Давидовски ќе се обидат да остварат далеку подобри резултати на легендарната патека Спа, во Белгија.

 

Поврзани вести

Back to top button
Close