VW најавува квалитетна ЕВ офанзива и свеж дизајн за своите брендови
Првиот човек на VW групацијата, Оливер Блуме, зборуваше за иднината на брендовите и плановите на автомобилскиот гигант
Заменувајќи го Херберт Дис на чело на групацијата Volkswagen, новоименуваниот претседател Оливер Блуме одржа говор за време на вонредното генерално собрание во 2022 година. Извршниот директор зборуваше и за тоа како автомобилскиот гигант се подготвува за иднината. Едната стратегија се однесува на имплементација на „јасни дизајнерски јазици“ кои треба подобро да ги разликуваат брендовите еден од друг.
Во исто време, VW Групацијата ветува „квалитетна офанзива“ со оглед на критиките што ги добија автомобилите како Golf и ID.3 поради нивната пластична внатрешност. Веќе е најавено елиминирање на копчињата чувствителни на допир на воланот. Зборувајќи за култниот хечбек, тој ќе живее во ерата на електрична енергија, заедно со Tiguan. Оливер Блуме рече дека VW „испитува како може да ги однесе иконите како што се Golf или Tiguan во електричната иднина“.
Минатиот месец, извршниот директор на VW, Томас Шефер, изјави за Die Welt дека Golf ќе доживее и деветта генерација. Тој навести дека тоа ќе биде електричен модел поставен под ID.3. Може да се вика „ID. Golf“ и да биде над претстојниот градски автомобил ID.2. Шефот на главниот бренд, исто така, ги увери ентузијастите дека додавката „GTI“ ќе живее и во ерата на ЕВ.
Golf ќе добие освежување
Во меѓувреме, Golf Mk8 ќе добие фејслифт од средината на циклусот во 2023 година, кога се очекува VW да ја претстави и следната генерација на Tiguan. Вториот најверојатно ќе биде последната итерација на компактниот кросовер кој сè уште нуди мотори со внатрешно согорување. VW веќе вети дека ќе произведува само електрични возила во Европа од 2033 година.
Иако е потврдено дека овие два компактни автомобили ќе живеат, иднината не изгледа толку светла за помалото Polo. Томас Шефер неодамна рече дека претстојните регулативи на Еуро 7 ќе ги направат субкомпактните автомобили прескапи, до 5.000 евра поскапи од она што е во мометнов. Дополнителните трошоци ќе се должат и на покомплексните безбедносни системи кои ќе станат задолжителни во ЕУ.