fbpx

VW претстави две уникатни верзии на Golf GTI

Во 2018 година компанијата Volkswagen во рамките на фестивалот Wörthersee го претстави концептниот Golf GTI TCR

Само пред неколку месеци тој стана сериски модел. Година порано на истото место се одржа и премиерата на концептот GTI, кој исто така се појави во сериско производство и веќе се продава од дилерите на брендот во Европа.

Сега Германците на малку поинаков начин ќе настапан на фестивалот, со тоа што претствауваат два проекти создадени од ученици. Двата ексклузивни автомобили се направени од еден примерок и нема да се појават во сериско производство.

Првиот од нив е Golf GTI Aurora, кој е опремен со 2.0 литарски бензински агрегат, развива 380 КС, погонот е на предната оска, а менувачот е 7 степен DSG. Автомобилот е насликан во боите на ексклузивното Audi-esque Nardo Grey, и има многу надворешни аеродинамични елементи.

Другиот автомобил е VW Golf Estate R 4MOTION FighteR, a тоа не е стандардна верзија на моделот, кој се продава со години во Европа. Моќноста на моторот е зголемена до 400 КС, а тој се комбинира со 7-степен роботизиран менувач DSG и систем за погон на четири тркала.

Поврзани вести

Back to top button