Wheelsandmore го претстави унапредениот TenTension Audi RS6 Avant

Тјунинг компанијата Wheelsandmore понуди своја верзија на Audi RS6 Avant наречена TenTension и поседува значително поголема моќност

Audi RS6 Avant е еден од најпосакуваните модели кои произлегуваат од одделот Audi Sport, а брзиот караван во последното свое издание, кое дебитираше во 2019 година, се напојува со 4,0-литарски V8 турбо мотор кој произведува 600 КС и 800 Nm максимален вртежен момент, што е доволно за забрзување од 0 до 100 километри на час за 3,6 секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 250 километри на час.

Иако овие перформанси се чини дека се и повеќе од доволни и убедливи, а за многумина оваа конфигурација е исполнување на „сонот“, неколку реномирани тјунинг компании, меѓу кои и Wheelsandmore, сметаат дека RS6 заслужува да има значително поголема моќност, а за сите нив како едно ниво на „задоволителност“ претставува потенцијалот на моторот кој го напојува Bugatti Veyron. Токму затоа, во Audi RS6 Avant во сето ова гледаат само добра основа за надоградба на веќе постоечките карактеристики.

Wheelsandmore TenTension

Оваа креација зад која стои Wheelsandmore се нарекува TenTension, а по многубројните софтверски и хардверски доработки на 4,0-литарскиот V8 мотор, автомобилот развива 1.010 КС, додека вредноста на максималниот вртежен момент изнесува 1.250 Nm, а за преносот на силата на сите четири тркала (quattro) е задолжен осумстепен автоматски менувач. Со оваа моќност, на Wheelsandmore TenTension Audi RS6 Avant може да му позавиди и оригиналниот Bugatti Veyron 16.4 кој располага со 1.000 КС.

Wheelsandmore TenTension

Wheelsandmore нуди повеќе нивоа на унапредување

Wheelsandmore не објави информации за својот TenTension, а сопствениците на Audi RS6 Avant кои посакуваат на својот автомобил да добијат дополнителни 410 КС ќе треба да бидат подготвени да издвојат 41.932 евра. За оние кои не сакаат да одат во крајност, Wheelsandmore нуди повеќе пакети. Основниот пакет на унапредување чини 2.100 евра и нуди софтверска оптимизација која ја подигнува моќноста на 710 КС и 920 Nm максимален вртежен момент. Следната фаза чини 7.688 евра, а го опфаќа и меѓу останатото и Capristo спортскиот издувен систем и носи 725 КС и 930 Nm.

Wheelsandmore TenTension

Третото ниво на унапредување кое го нуди Wheelsandmore за својот TenTension Audi RS6 Avant вклучува и модификации на всисувачкиот систем на моторот, а чини 12.521 евра и гарантира 786 КС и 1.060 Nm. Четвртата фаза, покрај се наведено погоре, опфаќа и промени на турбо-полначите кои во конечен збир обезбедуваат 965 КС и 1.250 Nm максимален вртежен момент, а за ова задоволство треба да се издвојат 33.529 евра.

Wheelsandmore покрај упанредувањата кои се однесуваат на перформансите и моќноста на Audi RS6 Avant, нуди и други подобрувања, како што е спуштен систем на потпирање и широк избор на специјално дизајнирани 22-инчни алуминиумски фелни.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close