fbpx

ЗА НАС

АВТО ПЛУС (од 1993) е најстарата и водечка месечна ревија за автомобилизам, мотоциклизам и авто-мото спорт која веќе 29-та година опстојува на македонскиот медиумски простор. Комплетноста и квалитетот на обработка и презентирање на информациите, модерниот дизајн, подобрувањето на постоечките рубрики и воведувањето на нови содржини се причините за континуираниот раст и приоритети според кои редакцијата ќе се води и во иднина.

АВТО ПЛУС

Со активности во целост насочени кон следењето на новините во автомобилската и придружната индустрија, македонскиот автомобилски пазар, авто-мото спортот, безбедноста во сообраќајот и друго, Авто Плус е ревија која ги поставува стандардите и го дефинира јавното мислење на публиката во Македонија. Реномираната италијанска ревија Quattroruote, која постои од 1956 година, може да се пофали дека покрај Русија, Кина, Бразил, Грција и другите земји во која е присутна со своето секогаш објективно мислење, од мај 2010 ја вбројува и Македонија како земја во која партнерски настапува.

Во соработка со ревијата Авто Плус, на најдобар начин ќе ги пласира информациите на македонските читатели, исто онака како што тоа го прави и преку Auto Klub во Хрватска и SAT Plus во Србија. На својот домашен медиумски простор, во Италија, секој месец половина милион примероци од Quattroruote го наоѓаат својот пат до читателите.

Автомобилските вести може да ги следите на веб порталот www.avtoplus.mk  и социјалните мрежи.

Во соработка со QUATRORUOTE

АВТО ПЛУС

Quattroruote, заедно со своите сестрински изданија, Dueruote, Ruoteclassiche, Tuttotransporti и другите кои излегуваат во вкупен тираж од 15 милиони примероци, е дело на преку тристотините вработени во издавачката куќа Editoriale Domus, единствена во светот која располага со сопствена тест патека, распослана на површина од 50 хектари, со сета потребна инфраструктура за тестирање на сите видови возила – автомобили, мотоцикли, камиони и автобуси.
Тест патеката на Editoriale Domus, која се наоѓа во местото Ваирано, располага и со off-road полигон и сертификат од FIA за тестирање на тимовите од Formula 1.
Back to top button