Започна производството на новиот 1.0 литарски мотор на Volkswagen
Volkswagen започна со производството на својот нов 1.0-литарски, 3-цилиндерскиот бензински мотор во погоните на компанијата во унгарскиот град Ѓер
Со тежина под 100 килограми, агрегатот ќе биде достапен наскоро во различни модели од Volkswagen AG Group, вклучувајки ги Audi A3, Volkswagen Golf, како и SEAT Leon или Ateca. Компактниот бензински мотор ќе биде достапен во две верзии на моќност – 86 и 115 коњски сили, во зависност од желбите на купувачот. Единицата е опремена со сите потребни системи за прочистување на издувните гасови, вклучувајки филтер за честички за бензин ICE.
Volkswagen вели дека повеќе од 90 проценти од цврсти материи ќе бидат „заробени“ од системот.
Фабриката во Ѓер, каде што ќе се составува моторот, може да произведе околу два милиони мотори годишно. На истото место, VAG исто така ги прави и своите 1.2, 1.4 и 1.5-литарски четирицилиндерски мотори.