Започнува забраната на Euro 4 дизел возила во Штудгарт
Минатата година беа објавени планови за забрана на старите дизел возила во градот Штудгарт, а сега таа официјално започнува
Германскиот град, дом на Mercedes-Benz и Porsche, минатото лето го објави својот план за престојната забрана за сите дизел возила со Euro 4 или постари стандарди. Оваа забрана треба да стапи на сила токму денес, а не само што ќе се однесува на посетителите, туку ќе влијае и на самите жители на Штудгарт, кои поседуваат стари дизел автомобили.
„Од 2019 година ќе има ограничувања во возењето во зелената еколошка зона за дизел Euro 4 и постари возила, со можни исклучоци за локалните жители и разумни исклучоци за трговците и сервисите за испорака”, изјави шефот на зелената парламентарна група во Баден-Вуртемберг, Андреас Шварц.
Во меѓувреме, министерот за животна средина, Свења Шулце изјави дека според него, со овие рестрикции, сопствениците на дизел возилата се принудени да плаќаат за масовните грешки во автомобилската индустрија.
Возилата опремени со мотори кои ги задоволуваат стандардите за емисии од Euro 5 се безбедни засега, но одлуката дали и нив ќе ги дочека истата судбина, наводно ќе биде направена во наредните месеци.
Покрај Штудгарт, останати градови во Германија кои спроведоа вакви забрани се Франкфурт, Хамбург и Берлин. Сепак, рестрикциите на Хамбург се критикувани, бидејќи тие покриваат само две улици и овозможуваат многу исклучоци.