fbpx

Женева 2018: На 88-то издание 110 светски и европски премиери

Со новинарските денови во следните два дена започнува 88-то издание на салонот во Женева, а манифестацијата за широката публика ги отвора вратите на Палекспо на 8 март

Организаторите на, несомнено еден од напопуларнуте автомобилски салони во моментов, крај брегот на Женевското езеро најавуваат за годинашнава смотра учество на над 180 компании од 36 земји со 900 изложени модели и 110 светски и европски премиери. Согласно традицијата првите два дена се резервирани за медиумите (6 и 7 март) на кои се закажани над 70 прес конференции, кои треба да ги проследат близу 10 000 акредитирани новинари, репортери, фотографи, сниматели…

Авто-мото шоуто ги отвори своите врати за широката јавност на 8 март и ќе трае 11 дена и според очекувањата низ десетте хали на комплексот Палекспо треба да минат над 700.000 посетители. Се очекува манифестацијата за официјално отворена да ја прогласи швајцарскиот сојузен канцелар, Гвиел Пармелин.

За прв пат на изложбата постои посебно место за Супер автомобили. Во халата 6 заедно ќе бидат Citroen и Peugeot, но за жал нема место, за прв пат по многу децении, за новиот член на семејството PSA – германскиот Opel. Jaguar и Land Rover повторно ќе бидат заедно, но овој пат на многу поголема површина, а свој многу силен настап најавуваат концерните како Volkswagen, Renault-Nissan-Mitsubishi, Hyundai-Kia…

Интерес треба да предизвика специјалната изложба на TAG Heuer во сала 3, покажувајќи болиди од Formula 1 и Formula Е, заедно со симулатори на спортски патеки. Швајцарскиот енергетски департментот Swiss Federal Energy Office (OFEN), партнер на саемот ќе им даде на посетителите можност да почувствуваат предностите на чистите автомобили во посебен изложбен дел, посветена на кампањата “co2auplancher” со автомобили кои помагаат за чистотата на воздухот.

Салонот за посетителите е отворен 11 дена од 10 до 20 часот во работните денови и од 9 до 19 часот за време на викендите. Специјално за саемот се пуштени дополнителни линкови од аеродромот во Женева до автосалонот, а швајцарската железничка компанија CFF нуди намалени комбинирани билети за патување до и посета на салонот.

Поврзани вести

Back to top button