fbpx

Женева 2018: Abarth 124 GT доаѓа со карбонски покрив

Главниот акцент на штандот на Abarth на овогодинешното автомобилски саем во Женева ќе биде новата специјална верзија 124 GT, која при промоцијата на пазарот ќе биде единствената во класата со направен целосно од јаглеродни влакна покрив

Основната идеја при создавањето на Abarth 124 GT, изработен заедно со Abarth Racing Team, е тоа да биде еден автомобил со две персоналности – модерно купе и динамичен родстер. Освен со целосно направениот од карбон покрив, возилото се разликува од другите претставници на моделот со ексклузивни 17-инчни OZ лесни фелни, кои се три килограми полесни отколку стандардните. Карбонскиот покрив на Abarth 124 GT тежи само 16 килограми.

Новиот Abarth 124 GT е опремен со 1.4 литарски четирицилиндерски MultiAir турбоагрегат кој генерира максимална моќност од 170 коњски сили и вртежен момент од 250 Nm. Максималната брзина на движење на возилото е 232 km/h, а забрзувањето од 0 до 100 km/h може да биде спроведено за 6.8 секунди. Од FIAT и Abarth се нуди можност за трансмисија со шест-брзински мануелен или спортски автоматски менувач.

Вниманието на посетителите на салонот ќе биде привлечено и од ексклузивната нова верзија Abarth 695 Rivale со нејзините контрастно двобојни екстериерни перформанси.

Поврзани вести

Back to top button