fbpx

Женева 2018: David Brown ќе прикаже нов GT модел

Британската компанија David Brown Automotive планира да претстави во Женева Grand Tourer модел кој ќе се одликува со „динамичност, моќ и брзина", објави компанијата

Фирмата стекна слава со моделот Speedback GT – автомобил со дизајн, со стил од 60-тите години на минатиот век, изграден врз шасија од Jaguar XK. Време е за сосема нешто ново! Идниот GT ќе е најдобар спортски ориентиран модел на марката, ветија од David Brown, во чија палета засега влегуваат две изведби – Speedback GT и верзијата на брендот на првата генерација на класиката Mini. Секако, новиот GT ќе се одликува со агресивен дизајн, ќе се составува рачно, при тоа во ограничена серија и ќе е апсурдно скап.
David Brown

Основачот на брендот, британскиот бизнисмен, Дејвид Браун, коментира дека плановите за третиот модел датираат од промоцијата на Speedback GT и е сигурен дека новата изведба ќе им се допадне на сегашните и идните клиенти на брендот.

Ништо повеќе, па сè уште не е јасно на која основа ќе се создаде новиот GT, бидејки другите два модели на David Brown се базирани на постоечките британски автомобили, како Mini Remastered, така и Speedback GT, кој практично е обид за современа интерпретација на класиката Aston Martin DB5.

Новиот модел ќе биде позициониран над Mini Remastered и под Speedback GT, а тоа важи и за цената. Мини Remastered започнува со околу 70.000 фунти, а Speedback GT е со цена од околу 600.000 фунти.

David Brown

David Brown

Поврзани вести

Back to top button