НАСЛОВНАСАЕМИ

Женева 2018: Lexus со ривал за BMW X1

Луксузната марка на Toyota, Lexus, планира да претстави нов кросовер, кој ќе е директен ривал на BMW X1 и Audi Q3, но моделот нема да се произведува во Франција, како што се очекуваше претходно

Се очекува да дебитира во почетокот на март на салонот во Женева.

Lexus го покажа концептот UX на салонот во Париз во 2016, при што се смета дека сега пристигнува сериска опција базирана на него. При создавањето на UX во Lexus ја користеле истата модуларна платформа TNGA, врз која е надграден компактниот кросовер на Toyota, моделот C-HR.

Претходно овој месец од Toyota објавија дека планираат модернизација и зголемување на капацитетот на фабриката на компанијата во Валансиен, каде што ќе се произведуваат уште автомобили на платформата TNGA. Затоа, очекувањата се дека новиот Lexus исто така ќе биде составуван таму, иако од Lexus се категорични дека сите модели кои се продаваат во Европа ќе се произведуваат во Јапонија.

1 | Lexus
2 | Lexus
3 | Lexus

    Во Lexus се надеваат дека еден SUV модел со скромни димензии ќе ја подобри продажбата на брендот во Европа, каде релативно добро претставување има моделот NX. За минатата година Lexus имаше 45.098 продажби во Европа, што е раст од 1,5% во однос на 2016. Речиси 20.000 од овие продажби се на NX.

    Клучни зборови

    Поврзани вести

    Close