Женева 2018: Mercedes-Benz ја освежува C класа
Mercedes-Benz го симна превезот на мистерија од обновената верзија на C класа, која ќе има свое деби за време на салонот во Женева, на почетокот на следниот месец
Германците се однесуваа сосема конзервативно, а промените се многу ограничени. Напред одредени модификации има кај стандардна решетка, која наликува на онаа која досега беше резервирана за верзијата AMG-Line, како дел од сериската опрема веќе се и LED светлата. Во задниот дел, има малку измени на распоредот на светлата. Без доплата, сега автомобилот доаѓа со 17-инчни тркала со двојни краци, а понудата на бои веќе вклучува два нови предлози – Mojave Silver Metallic и Emerald Green Metallic.
Внатрешноста импресионира со новиот управувач, кој веќе има копчиња на допир. Клиентите ќе можат да избираат помеѓу три големини на централниот екран – 7, 10,25 и 12,3 инчи. Можеби најголемата новина е скриена за обичното око, C класа добива пакет најсовремени активни и пасивни асист-системи, кои доаѓаат директно од поголемиот E класа, како и од CLS класа.