fbpx

Женева 2018: Новиот Peugeot 508 одговор на BMW 3 и Volkswagen Arteon

Компанијата Peugeot ќе ја претстави новата генерација на седанот 508 за време на салонот во Женева на почетокот на март, соопштува Automotive News

Како главни конкуренти на моделот, кој ќе се произведува во Франција и Кина, се посочуваат BMW 3 и Volkswagen Arteon.

Автомобилот ќе биде изграден на платформата EMP2, а дизајнот ќе добие голем дел од елементите на концептните модели Instinct и Exalt. Од сегашната 508-ка новиот модел ќе се разликува по решетката на ладилникот, браниците и LED диодната оптика.

Седанот ќе добие и втора генерација на специфичниот за компанијата ентериер – i-Cockpit, кој веќе се користи кај SUV изданијата 3008 и 5008. Карактеристика на внатрешноста на автомобили ќе е целосно дигиталниот инструментален панел.

BMW 3 и Volkswagen Arteon

Според неофицијални податоци, во палетата мотори ќе влезе и 1.2-литарскиот бензински турбо мотор. На купувачите ќе им бидат понудени и дизел агрегати од 1.6 и 2.0 литри, како и хибридна модификација, кај која вкупната моќност ќе изнесува 300 КС.

BMW 3 и Volkswagen Arteon

Поврзани вести

Back to top button