fbpx

Женева 2018: Деби за новиот Peugeot Rifter

На Интернационалната изложба во Женева, на почетокот на март, деби на штандот на Peugeot ќе има сосема новиот модел на францускиот производител под името Rifter

Peugeot Rifter што ќе биде лансиран на европскиот пазар есента оваа година, а е развиен на нова платформа и демонстрира целосно нов дизајн и функционалност. Новината ќе дебитира со неколку интересни конструкциски и стилистички решенија, вклучувајки дизајнерски елементи позајмени од SUV возилата, удобен пристап до товарниот простор преку отварањем на стаклото на вратата на багажникот, компактен ергономски упрвувач, 8-инчен екран чувствителен на допир, head-up дисплеј, електронска паркирна сопирачка и многу други трендовски детали.

Rifter ќе се нуди и во стилска GT Line модификација која ќе се разликува од другите верзии на моделот со посебни Onyx Black шини на покривот, 17-инчни алуминиумски тркала, волан со кожен тапацир, тематски распоред на ентериерот и други поединости.

Од Peugeot коментираат дека благодарение на поголемиот клиренс и можноста за нарачка на системот за подобрување Advanced Grip Control и гумите MICHELIN LATTITUDE TOUR, Rifter нуди и дополнителна применливост надвор од стандардниот патишта. За оние кои тоа го посакуваат, француската компанија, исто така, нуди верзија со погон на четири тркала, развиена заедно со DANGEL.

Во палетата на погонски агрегати на Peugeot Rifter се вклучени високоефикасни мотори кои ги задоволуваат Euro 6 стандардите и подготвени се да одговорат на WLTC тестовите.

Бензинските опции се две – 1.2 PureTech со 110 и 130 коњски сили, во спрега со пет-брзински мануелен и осумстепен автоматски менувач, а дизелите се три – 1.5 BlueHDi со 75, 100 и 130 коњски сили, во комбинација со механички менувач со пет или шест степени или автоматски со осум брзини.

Peugeot Rifter се нуди во конфигурација со пет или седум седишта, а ќе има и две верзии во зависност од должината – стандардна со 4.4 и долга со 4.75 метри. Кај онаа со пет седишта, капацитетот на товарниот простор е 775 литри, а кај долгата со спуштена задна клупа слободниот волумен достигнува импресивни 4.000 литри.

Поврзани вести

Back to top button