fbpx

Женева 2018: BENTLEY ветува возбудлив нов модел

Без да навлегуваат во какви било детали од BENTLEY соопштија дека за време на меѓународниот салон во Женева, ќе се одржи светската премиера на возбудлив нов модел на легендарната марка

Светска јавна премиера на штандот на BENTLEY на салонот во Женева ќе направи и новата Bentayga V8 со нејзиниот 4.0 литарски мотор, карбон-керамички дискови и луксузен ентериер. Како што веќе беше најавено од марката, оваа модификација на SUV моделот доаѓа со максимална моќност од 542 коњски сили и вртежен момент од 770 Nm, кои се доволни за да може возилото од 0 до 100 km/h да забрза за 4,5 секунди и да развие максимална брзина од 290 km/h.

BENTLEY

На штандот на BENTLEY на Женевската изложба ќе биде претставена и новата генерација на Continental GT, а првите испораки на клиенти во Европа ќе бидат реализирани во текот на летото оваа година.

Автомобилот доаѓа со надградена 6.0, W12 мотор кој генерира максимална моќност од 635 коњски сили и вртежен момент од 900 Nm. Со негова помош и во комбинација со роботизирана осумстепена трансмисија, возилото е во состојба да се забрза од 0 до 100 km/h за 3,7 секунди и да развие максимална брзина на движење од 333 km/h.

BENTLEY

Поврзани вести

Back to top button