fbpx

Женева 2018: Премиера за новиот Citroen BERLINGO MULTISPACE

Citroen објави дека за време на меѓународниот салон во Женева на почетокот на следниот месец ќе се одржи светската премиера на новaта трета генерација на BERLINGO MULTISPACE, што ќе биде пуштен во продажба во втората половина на годинава

Од француската компанија коментираат дека по повеќе од 1.7 милиони реализирани едници, новата генерација на моделот доаѓа со сериозни промени во однос на дизајнот и комфорот, како и нови технолошки решенија, вклучувајќи автоматски осумстепен менувач. Новиот BERLINGO MULTISPACE доаѓа со три независни задни седишта во вториот ред, целосно еднаков под, 19 системи за поддршка на управувањето, 4 системи за поврзување и најновата генерација мотори, меѓу кои и 1.5 литарскиот дизел BlueHDi 130.

Citroen BERLINGO MULTISPACE

Моделот исто така ќе се нуди во избор меѓу две верзии- M и XL, со должина од 4.4 и 4.75 метри, со капацитет за пет и седум седишта, отворено стакло на вратата на багажникот, како и други практични решенија за подобрување на секојдневната применливост на автомобилот.

1 | BERLINGO MULTISPACE
2 | BERLINGO MULTISPACE
3 | BERLINGO MULTISPACE

    Поврзани вести

    Back to top button