ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНАНОВИТЕТИТЕХНОЛОГИЈА

ZF со копилот за помош при управување на отворен пат

ZF и NVIDIA развија нов интелигентен систем за помош на возачот кој централно контролира многу корисни функции

Со помош на вештачка интелигенција и сеопфатната SensorSet, автомобилите ќе можат самостојно да променат различни возни маневри, особено во услови при возење на отворен пат. Покрај тоа, ZF coPILOT може да се управува со гласовни команди и да го препознава сообраќајот, а достапен ќе биде од 2021 година.

Системот е изведен со комбинација на адаптивниот темпомат во автомобилот со системот за предупредување при напуштање на лента. Предноста на овој напреден систем за помош на возачот (ADAS), може да се увиди при управување на автопат со густ сообраќај. Адаптивниот темпомат е задолжен за одржување на брзината и растојанието од возилото напред. Притоа, автомобилот не само што независно забрзува и запира, туку и се задржува во истата лента благодарение на системот за предупредување при напуштање на лента.

ZF

„Тековните помошни системи нѐ предупредуваат навреме со цел да ги избегнеме грешките во возењето или да ги корегираме брзо, но исто така тие треба да ни понудат и повисоко ниво на удобност при возењето. Ако системите не дејствуваат течно или ако се одјават премногу брзо, на пример во лоши временски услови , ова го намалува нивното прифаќање кај возачите”, вели Торстен Голевски, раководител на системите за автономна мобилност во ZF.

Овој систем претставува полуавтоматизиран начин на управување од SAE ниво 2, кој го зголемува нивото на удобност и сигурност при управување, при што возачот може комотно да ги тргне рацете од воланот на кратко.

ZF

Клучни зборови

Поврзани вести

Close