НАСЛОВНАНОВИТЕТИСАЕМИ

Женева 2019: Kia со несекојдневен концепт

На прв поглед, новиот Imagine на Kia изгледа сосем нормално. Но, погледнете ја внатрешноста.

Вистинските концептни модели имаат за цел да ја инспирираат фантазијата, да ја оспорат конвенционалноста, а притоа да бидат оригинални, смели и чувствителни како автомобили.

На прв поглед, се чини дека корејскиот концепт одговара на овој опис. Смел и свеж модел, со стилски линии кои потсеќаат на седан, кросовер и SUV. Но што се случува кога ќе погледнеме во внатрешноста? По се изгледа дека електричната иднина на Kia има добра смисла за хумор.

Imagine

Imagine

Трендот на големината на екраните вградени во патничките кабини завзема нов правец одкако Tesla постави огромен 17-инчен екран во својот модел С во 2012 година. Од тогаш, не само големината на внатрешните дисплеи, туку и нивниот број почна значително да расте. Своето мислење кон овој тренд го изрази и Kia, која преку својот нов концепт „Imagine“ најде начин да го искаже своето мислење.

Во ентериерот на електричниот концепт може да се забележат не помалку од 21 индивидуални екрани со висока резолуција, кои ја прават внатрешноста на овој концепт навистина уникатна. Тие се распоредени по централната табла на начин кој не потсеќа на шпил карти, но во распоред кој сепак е истовремено и обичен и координиран.

„Овие 21 неверојатно тенки екрани се хумористични и претставуваат непоколеблив одговор кон тековната конкуренција во битката на автомобилските производители кои се стремат кон имплементирање на најголем екран“, изјави генералниот менаџер за внатрешен дизајн на Kia Motors Europe, Ралф Клејџ.

Покрај духовитоста, електричниот концепт на Kia има за цел да го прикаже прогресивниот стилски јазик на брендот за иднината. Според производителот, Imagine има интелигентни реинтерпретации на постојните мотиви на Kia и каросерија која се карактеризира со мешавина од прецизно изработени лимови, јасни линии и ефикасна аеродинамика.

Imagine

Произведен од европскиот дизајн центар на Kia во Франкфурт, концептниот модел претставува целосно електричен модел со четири врати од Ц-сегментот.

Очигледно е дека нема да видиме нешто слично на патот, но Imagine навестува елементи на ентериер и екстериер што може да ги донесат идните производни модели.

 

Клучни зборови

Поврзани вести

Close