НАСЛОВНАНОВИТЕТИСАЕМИ

Женева 2019: ABT со моќна флота

Германската тјунинг компанија го искористи овој саем за да се пофали со своите перформансни ремек дела, во кои се вбројуваат модели на Audi и Volkswagen

Ако некој навистина се разбира во модифицирање на автомобили, тоа е германскиот бренд ABT. Познати по екстремните тјунин изведби особено на германските модели, овој пат тјунерот во Женева се појави со моќна флота од широк спектар, почнувајќи од страшно брзиот Audi RS4+ до еколошки пријателскиот VW e-Transporter.

Да започнеме од новиот Audi Q8. Како релативно тазе модел, ABT беше првиот кој реши да му направи make-over. Модификациите кај овој SUV вклучуваат целосно нови фелни, нов каросериски изглед во кој се вбрујуваат нови прагови и заден спојлер, мали внатрешни измени со додавање на карбонски детали и секако нов перформансен пакет. Овој 5.0 TDI сега развива моќност од 325 КС и 650 Nm вртежен момент, во споредба со претходните 282 КС и 600 Nm.

RS$+

Следен на листата е A6 Avant кој претставува уште еден семеен автомобил на Audi. Надворешноста доаѓа во бело издание, кое е одлично надополнето со сјајни црни акценти. Останатите модификации вклучуваат измени во предниот дел, нови прагови, мат црни издувни цевки и масивни 21-инчни фелни. Затоа што се работи за истиот V6 TDI мотор како и кај Q8, излезната моќност со 3250 коњски сили е иста.

Најголемо внимание привлече моделот RS4+ со својата провокативна зелена боја, на која одлично и прилегаа 20-инчните златно-кафени фелни. Опремен со подесувачки спортски пружини, карбонски дифузер и издувни цевки, овој караван оправдано ги привлече сите погледи. Под хаубата се наоѓа 2.9-литарски дво-турбински V6 мотор, кој од стандардните 444 КС и 600 Nm, сега добива 503 КС и вртежен момент од 680 Nm.

E-Transporter

ABT

 

Како што напоменавме, на оваа листа се наоѓа и електричниот е-Transporter на Volkswagen. За разлика од стандардниот, овој е-Transporter е опремен со нов аеро-пакет составен од посебен преден браник, продолжени странични прагови, 20-инчни фелни, специјален каросериски изглед, па дури и голем заден спојлер.

Исто така, може да се забележи и отсуството на издувни цевки, со оглен на фактот дека ова е целосно електрично возило, напојувано од 37,3 kWh батерија и електричен мотор. Излезната моќност на овој комерцијален модел изнесува 109 КС и 200 Nm, а возниот опсег е од 208 километри, кој подоцна со користење на 74,6 kWh батерии ќе се зголеми на 400 километри.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close