Женева 2019: Bentley со специјален јубилеј (Видео)

Bentley објави дека на Меѓународниот саем за автомобили во Женева во почетокот на март ќе се претстави со специјален јубилеен автомобил инспириран од тркачките автомобили на брендот.

Оваа година на 10 јули, Bentley ќе ја прослави својата 100-та годишнина, а компанијата најавува повеќе интересни тематски новитети за да ја прослави приказната за глобалниот успех и возбудливата иднина на брендот.

Во 1919 година Волтер Овен го основал Bentley со една цел, да направи „брз автомобил, добар автомобил, а воедно и најдобар во класата“. Ова мото ја движи компанијата до сега, а потврда на тоа е дека во ова време Bentley е лидер во луксузот во автомобилската индустрија.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close