fbpx

Zyrus 1200 Strada е најлудиот Lamborghini Huracan

Афтермаркет тјунерот Zyrus го претстави својот спектакуларен пакет за унапредување за Lamborghini Huracan кој го претвора хиперавтомобилот во вистинска ѕверка

Норвешката компанија Zyrus има искуство со модифицирањето на Huracan во минатото, но тој модел беше едноставно прототип кој се користеше за усовршување на евентуалниот продукциски модел. По повеќе од две години тестирања и 6.000 километри акција на патеките, оваа тјунерска опрема е подготвена за купувачите.

Официјално наречен Zyrus LP1200 Strada, 5,2-литарскиот V10 мотор на автомобилот сега добива пар турбополначи, со што моќноста се искачува до 900 КС кога се вози во регуларниот режим за патиштата. Доколку купувачите сакаат да ги експлоатираат комплетните 1.200 КС, тогаш можат да го вклучат режимот за тркачките патеки.

Zyrus

За разлика од многу други тјунери, Zyrus не застана само со „шминкањето“ на автомобилот. Напротив, компанијата разви целосно нов и специјален body kit за италијанскиот суперавтомобил, кој произведува неверојатни 2.010 килограми потисна сила при 200 килограми на час.

На предниот дел, новиот bodykit вклучува променета предница со тенок браник и големи отвори за воздух на хаубата. Тука е и отворот на покривот, проширените странични прагови, зголемените воздушни всисувачи и џиновски заден спојлер. Zyrus го опреми задниот дел со карактеристичен дифузер и нови задни светла.

Zyrus LP1200 Strada содржи не помалку од 600 нови делови кога ќе се спореди со стандардниот Huracan и тежи само 1.427 килограми.

Цените за ова лудо возило почнуваат од 595.000 евра, додека LP1200 R кој е наменет само за тркачките патеки е достапен од 525.000 евра. Оваа тркачка верзија е полесна и тежи 1.200 килограми.

Поврзани вести

Back to top button