Високи оценки од Euro NCAP за Volvo XC40 и Ford Focus

Европската организација Euro NCAP ги објави официјалните резултати од тестовите на новите Ford Focus и Volvo XC40.

Тестовите на Euro NCAP веќе се одржуваат по нова методологија која вклучува оценка на ефикасноста на системите за автоматско нагло сопирање во градски услови. А исто така и способноста за препознавање на пешаци и велосипедистите. Двата автомобили добија највисоки оценки – 5 ѕвезди.

За ситемите и технологијата за да го заштитат возачот и патниците, Volvo XCV40 доби 37,2 поени (97% од максималниот резултат), а Focus – 32,5 поени (85%). Евро NCAP рекордот му припаѓа на Alfa Romeo Giulia – 37,4 поени или 98%. За заштита на децата, двата модели добија по 43 поени или 87%. Дополнителни поени од Ford Focus се добиени поради индикаторите за статусот на предните воздушни перничиња, како и за поедноставениот систем за детско седиште.

Заштита на пешаците на Volvo XC40 се проценува на 34,5 поени (71%), а Ford Focus – 34,8 (72%). Како најопасни во оваа категорија се кај кросоверите-во предните препусти и капакот, додека кај хечбеците само препустите. Кај двата тестирани модели заклучок е дека ова е избалансирано повеќе од добро за што следеа и мошне високите оценки.

За работа на активните безбедносни состави, XC40 и Focus добија 10, односно 9,9 поени. Резултатот од моделот Volvo е поголем поради предниот систем за предупредување за судир, кој работи со брзина поголема од 4 km /h.

 

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close