ВОЗЕВМЕНАСЛОВНА

Возевме Peugeot Rifter во Монако

Peugeot со Rifter нуди уникатно име за новиот играч во гамата на патнички автомобили, но сепак ги задржува основните карактеристики на брендот

Француските дизајнери со Rifter наметнуваат еден поинаков стил. Моделот е подеднакво робустен и елегантен. Неговиот авантуристички дух и страст кон патувањата го тераат да се чувствува дома насекаде, од урбаната џунгла, на патиштата, до прекраснат природа. Достапен во две должини, со 5 или 7 места, тој комбинира разновидност, модуларност и практичност. Се одликува со state-of-the-art мотори и врвна техничка опрема.

vozevme PEUGEOT RIFTER

Peugeot нуди уникатно име за новиот играч во гамата на патнички автомобили, но сепак Rifter ги задржува основните карактеристики на брендот, а во дадени сегменти оди малку подалеку, додавајќи силна, динамична и уверена позиција на патот.

Новиот Rifter е дизајниран врз основа на платформата EMP2 познатa по своите динамични квалитети.

Подложена со специфични дополнувања во задниот дел во корист на модуларноста и товарот, обезбедува комбинација на удобност и однесување на патот на ниво кое не е понудено досега во овој сегмент. За добрите возни својства се грижат предно потпирање тип Pseudo MacPherson и задна суспензија со торзиона попречна греда.

Со цел да се понуди сензација на патот што е достоен за брендот, суспензијата и управувањето имаат корист од специфични поставувања. Замислен како спој на SUV и MPV, позициониран некаде измеѓу, со здрава предница со „лавот“ во центарот на вертикална решетка, карактеристична за најновите автомобили во гамата.

Rifter

„Мачјиот“ изглед вклучува идентификација со LED светло во центарот на фаровите, а профилот на автомобилот го нагласува неговиот нов стил. Пропорциите се совршено избалансирани, со кратка, хоризонтална хауба, висока средна линија и скусени препусти. Шините на покривот се заострен дел од дизајнот и внимателно се интегрираат.

Извајаните лакови над тркалата ја надополнуваат неговата атлетска и робусна конструкција. Некои верзии доаѓаат со 17-инчни алуминиумски тркала со „дијамантски“ ефект. Новиот Rifter позајмува некои од стилистичките и функционални карактеристики од SUV светот: поголем клиренс, големи тркала, штитници на праговите на вратите, на долниот страничен дел на каросеријата и предните и задните браници.

Овие атрибути придонесуваат за афирмација на неговата индивидуалност и му овозможи да се искористи својата нова разновидност: динамична компактност за градот, сила и моќ за долги патувања и бегство во величествената природа. За оние кои посакуват и им е потребен повеќе простор во понуда е верзија со поголема должина (+35cm), без конкуренција во однос на практичностa.

Како елегантниот, динамичен стил на надворешноста импресионира со својот силeн идентитет и отелотворен современ стил и престиж во ентериерот. Peugeot i-Cockpit комбинира хармоничен и категорично модерен внатрешен простор, кој постигнува рамнотежа помеѓу чисти линии, технологија и висок квалитет на изработката.

Дел од него се компактен управувач со два рамни делови за подобрено ракување. Осум инчен екран, командна табла на нивото на очите на возачот, со хромирани рамки на мерачите и елегантни црвени стрелки. Кокпитот, прецизно изработен до последен детал, содржи елегантни хромирани детали. Кај верзиите кои се опремени со електрична сопирачка, ослободениот простор на централната конзола се користи како големо место за складирање.

Од бензинските мотори се нудат две варијанти на моторот 1.2 PureTech: со 130 и со 110 КС.

Моторите PureTech вклучуваат филтер за честички за намалување на емисиите на гасовите. Од дизел моторите се нудат три варијанти на моќност на моторот 1.5 BlueHDi со 130, 110 и 75 КС. Помоќните верзии се нудат со 8-степен автоматски менувач, а останатите со 6-степен мануелен.

Списокот со технологија е импресивен и невиден за овој сегмент и во зависност од верзиите вклучува следново: електрична сопирачка, индивидуализиран автопилот кој одржува брзина (ниво 3 автономија) и го прилагодува растојанието помеѓу вашиот автомобил и возилото напред, систем за предупредување при ненамерно преминување на траекторијата, системот за препознавање на сообраќајните знаци, предупредување за будноста на возачот, автоматско активирање на долгото и средното светло, камера за назад, систем за следење на мртвата зона, систем за пристап до автомобилот и за стартување на моторот.

Rifter

ПОСЕБНИ ЕДИЦИИ

Rifter ќе се нуди и во стилска GT Line модификација која ќе се разликува од другите верзии на моделот со посебни Onyx Black шини на покривот, 17-инчни алуминиумски тркала, волан со кожен тапацир, тематски распоред на ентериерот и други поединости.

Од Peugeot коментираат дека благодарение на поголемиот клиренс и можноста за нарачка на системот за подобрување Advanced Grip Control и гумите MICHELIN LATTITUDE TOUR, Rifter нуди и дополнителна применливост надвор од стандардните патишта. За оние кои тоа го посакуваат, француската компанија, исто така, нуди верзија со погон на четири тркала, развиена заедно со DANGEL. Ова е засега сеуште во развој, а специјално за македонските новинари, имавме особена чест да седнеме зад управувачот на една ваква изведба.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close