Уште една шанса за Blue Friday во Ми-Да Гранд Моторс

Во духот на Black Friday, единствено ова би го нарекле „дружење со моделите на Синиот овал“, да ги испробате, добивате подароци и огромни попусти , како за нови и за половни

И овој петок се оддржува Blue Friday во салонот на Ford. Во духот на Black Friday, единствено на ова би го нарекле „дружење со моделите на Синиот овал“, кои имате можност и да ги испробате, добивате подароци и огромни попусти за возилата кои се во понуда, нови и половни.

blue-friday-ap
Интересна идеја која, како велат во Ми-Да Гранд Моторс, наиде на голем интерес кај нашите граѓани пред една седмица, па решиле да ја организираат повторно. Согласно реализираните тест возења, како и бројот на посетителите, уште еднаш се потврди дека македонските купувачи се заинтересирани многу за Фордовите изведби, па не е мал бројот што најавиле дека ќе го подноват својот возен парк со нов модел blue-friday-apили за прв пат некое остварување од гамата на Синиот овал ќе стане ново семејно милениче. Секој што изврши тест на новите модели на Ford доби и подарок, а за оние кои се одлучија токму сега да купат ново возило по навистина мошне прифатливи цени, во пакет со истото добиваат и сет зимски гуми, кровни носачи…, се разбира по избор на идните сопственици. Дел од средствата, од купените возила во овие Blue Friday дружења одат на адреса на Првата детска амбсада во Македонија-Меѓаши.

Многумина кои реализираа тест возења во текот на овие два викенда можеа да ги испробаат сосем новите остварувања на Ford, најновата генерација на Fiesta, потоа кросоверот Kuga, посебно за оваа прилика спакуван Mondeo или пак „ големиот работник“ Ranger, компактниот Focus…
Овој петок е последниот Blue Friday во Ford… не го пропуштајте.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close