НАСЛОВНАНОВИТЕТИСАЕМИ

2019 Volkswagen T-Roc R

Volkswagen ќе го претстави својот мал SUV на саемот за автомобили во Женева кој ќе се одржи следниот месец

Компанијата објави тизер за претстојниот компактен SUV T-Roc R во форма на скица. Комплетираниот компактен кросовер ќе биде откриен во Женева во март, но според информациите дознаваме дека скицата дава попрецизна слика за тоа што може да се очекува од вистинскиот кросовер.

Новиот T-Roc R може да се пофали со големи алуминиумски бандажи, поагресивно тело, големи предни воздушни доводи, подобра суспензија, четири издуви. Моќноста најверојатно ќе произлезе од 2.0 турбо мотор со четири цилиндри, со 300 коњски сили и 400 Nm вртежен момент и 4Motion погон на сите тркала.

Премиерата на концептниот автомобил е закажана за 5-ти Март, на прес конференцијата на 89-то издание на саемот за автомобили во Женева.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close