fbpx

2019 со значајни моменти за Porsche

Посветени на изградба на видлива историја, 2019 за Porsche носи три јубилеи. 50 години од моделот 917, 50 години од моделот 914 и 10 години од Panamera

Porsche 917, еден од најпознатите тркачки автомобили на сите времиња, кој беше претставен пред јавноста за прв пат во 1969 година на Саемот за автомобили во Женева, само една година подоцна освои 19 златни медали на 24-часовната трка во Ле Ман.

Porsche 914 беше претставен на Меѓународниот саем на автомобили (IAA) во Франкфурт во 1969 година, како прв спортски автомобил во Германија со мотор поставен во средина на возилото.Panamera, првиот седан со четири врати од Porsche, во 2009 година во Шангај за прв пат и беше претставен на јавноста.

Porsche

За одбележување на овие три значајни моменти, бројни амбасадори на четири тркала ќе бидат изложени на Porscheplatz во Штутгарт, Zuffenhausen. Десет модели 917, музејот ќе изложи од 14 мај до 15 септември, на една од најголемите специјални изложби наречена „Бои со брзина- 50 години од 917“. Спектакуларната изложба “50 години од 914- типично Porsche” ќе може да се посети од 2 јуни до 7 јули.

На 2 јуни сопственици на моделот 914 поканети од страна на музејот ќе покажат повеќе од 120 модели на Porsche 914. За да се одбележи јубилејот “10 години од моделот Panamera” покрај специјалната изложба, во Центарот за клиенти оваа пролет ќе бидат изложени осум експонати од првите прототипови до сегашниот модел. Покрај овие изложби, ќе бидат одржани и бројни настани ширум светот.

Porsche

Поврзани вести

Back to top button