2020 Volvo XC40 добива надградени мотори, нови менувачи и бои

Претставен во 2017, Volvo XC40, најмалиот SUV во гамата на шведскиот прозиводител добива своја надградена верзија

Бензинскиот мотор T3 беше претставен минатото лето, кој сега кај Volvo XC40 добива неколку дополнителни коњи. Со зафатнина од 1.5 литри, три-цилиндарскиот мотор од 156 коњски сили, сега доаѓа со излез од 163 коњски сили и за прв пат е достапен со осум-степен автоматски менувач.

Со шест-брзинскиот рачен менувач, времето од 0-100 km/h е подобрено за 0,1 секунда, односно на 9,3 секунди, додека со автоматскиот пренос времето е зголемено за 0,3 секунди. Просечната горивна потрошувачка кај рачниот менувач е исто така подобрена, од 7,7-7,1 l/100 km на 7,6-6,8 l/100 km, според WLTP.

XC40

Основната цена на 2,0 литарскиот T4 е сега намалена, бидејќи оваа верзија е достапна, за прв пат, со погон на предните тркала. Во споредба со AWD моделот, забрзувањето од 0-100 km/h е за време од 8,4 секунди, со подобрување од 0,1 секунда. Комбинираната горивна потрошувачка за овој модел изнесува 8,4-7,7 l/100 km.

Опсегот на опремата кај XC40 e исто така е ревидиран, со додавање на нова опрема, како што се 12V приклучок багажниот простор, мрежа прицврсување на товар и автоматско преклопување на страничните ретровизори. Овие се приклучуваат на листата на стандардни ставки, како што се 9-инчниот инфозабавен систем, гласовната контрола, sat-nav, Volvo On Call, дво-зонскиот клима уред, LED фарови, задни паркинг сензори и 18-инчни алуминиумски тркала.

XC40

Клиентите можат да се одлучат за новиот зимски Winter Plus пакет, кој вклучува греачи на управувачот и задните седишта, покрај загреаните предни седишта, загреанот ветробранско стакло и системот за чистење на предните фарови достапни во досегашниот зимски пакет.

Листата на безбедносни карактеристики на XC40 сега вклучува надграден систем за детектирање на слепите точки, со нова функција за контрола на управувачот, која го спречува возилото да премине во другата лента и го враќа назад со цел да избегне ризик од судир со возило лоцирано на слепата точка на возачот.

Конечно, Volvo додаде три нови надворешни бои, наречени Thunder Grey, Pebble Grey и Glacier Silver. Исто така, новитет е и XC40 T5 plug-in хибридната верзија, достапна од наредната година.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close