НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Само 500 примероци Polestar 1 годишно?

Volvo веќе го одвои Polestar како самостојна марка за електрични и моќни спортски модели, а компанијата го покажа и својот прв модел Polestar 1 plug- in хибрид

Volvo веќе го одвои Polestar како самостојна марка за електрични и моќни спортски модели, а компанијата го покажа и својот прв модел – Polestar 1 plug- in хибрид со продолжен опсег, чие производство ќе започне во средината на 2019 година.

Специјалистите од Polestar имаат милиони обожаватели ширум светот, побарувачката за купување на нивни верзии на моделите на Volvo е многу сериозна и покрај високите цени, а Polestar 1 нема да помогне којзнае колку за задоволување на истата. Се претпоставува дека годишното производство на хибридното купе ќе се ограничи само до 500 примероци, а причина за тоа е исклучително сложената конструкција на возилото.

1 | Polestar 1
2 | Polestar 1

    Спортското купе ќе е од фиброкарбон што треба да биде поставен на кратката верзија на челичната платформа, користена при седанот Volvo S90. Polestar 1 ќе се составува во новата фабрика на компанијата, која се гради во Ченгду, во Кина. Моќноста на Polestar 1 ќе е 600 коњски сили, а ограничените парчиња од првиот модел едвај ќе донесат профит за новата компанија. Но, од Geely веќе навестија дека не очекуваат брзо враќање на инвестицијата.

    Polestar 1

    Работите сепак ќе се менуваат сериозно со промоцијата на Polestar 2, целосно електричен седан, кој ќе биде директен ривал на Tesla Model 3. Првично Polestar ќе го нуди својот прв модел во систем за месечна претплата, а подоцна се очекува да започне и традиционалната продажба на хибридот. Се очекува неговата цена да започне од 150.000 долари.

    Polestar 1

    Клучни зборови

    Поврзани вести

    Може и ова да ви се допадне

    Close
    Close