fbpx

75 години Citroën 2 CV

На 7. октомври, по повод одбележувањето 75 години од претставувањето на легендарниот модел Citroën 2 CV, Автонова имаше несекојдневна можност да биде домаќин на членовите од Клубот пријатели на Citroën 2 CV – Спачек со нивните автомобилски миленици, кои воедно слават 25 години постоење на клубот.

Благодарни сме за оваа исклучителна чест да ги пречекаме членовите на клубот, ентузијасти, кои со гордост ги претставуваа своите миленици, раскажувајќи за поминатите илјадници километри и попатните доживувања со своите семејства и миленикот Спачек, приказни испреплетени со чиста емоција.

За оваа пригода беа изложени и новите модели на Citroën, одек за новото време, со голема почит кон своите претходници, подготвени некој и за нив да прикажува со силни чувства, како за своја пасија.

Автонова на симболичен начин беше стартно место и за роденденското дефиле, кое продолжи низ улиците на Скопје, привлекувајќи го вниманието на минувачите, заедно со предводникот на најновата гама Citroën C5 X.

Citroën 2 CV

Погледнете дел од атмосферата по повод роденденот на култниот Citroën 2 CV, модел кој се темели на главните столбови на марката: популарен, комфорен, едноставен, издржлив и достапен.

Поврзани вести

Back to top button