Четири турбини за BMW X3
Alpina ја претстави својата верзија на новата генерација врз моделот BMW X3
XD3 кој ќе дебитира пред публиката на салонот во Женева, а пристигнува со доработен мотор, нова суспензија и избалансиран систем за двојна испорака.
Моќноста на 3.0-литарскиот битурбодизел на стандардната X-тројка е засилена со два компресори, благодарение на кои таа расте од стандардните 249 на 333 КС, а вртежниот момент од 620 на 700 Nm. Како резултат на ова XD3 забрзува од 0 до 100 km/h за 4.9 сек (0,9 побрзо од X3), а максималната брзина достигнува 254 km/h.
Просечната потрошувачка на гориво е 9,0 литри на 100 километри. Опремата на новата Aplina вклучува амортизери со електронско управување, самоблокирачки заден диференцијал, 20-инчни фелни (22-инчни со доплата) и различен алгоритам за распределба на вртежниот момент меѓу двете оски.