Aston Martin има потреба од силен партнер за да преживее
Aston Martin бара силен партнер за да застане на „здрави нозе“, како што е случајот со низа производители на луксузни спортски автомобили во индустријата
Компанијата оствари профит за прв пат по 8 години и сега се подготвува за јавна понуда на акции на берзата.
Шефот на Aston Martin, Енди Палмер, објасни дека овој чекор е неопходен за компанијата, поради огромната инвестиција во технологијата за автономна мобилност.
– Ние создаваме нов тип на компанија која може да преживее со производство на 7.000 до 14.000 многу скапи и многу профитабилни автомобили годишно, рече Палмер. – Значи можеме да оствариме профит, но само ако имаме „силен партнер“ кој ќе ни помогне во реализација на зацртаното.
Daimler поседува 5% од Aston Martin, двете компании имаат договор да развијат автономни технологии. Палмер додаде дека на компанијата и е потребна индустриска поддршка за да остане меѓу лидерите во технолошкиот развој на автомобилската индустрија, како што други луксузни производители веќе имаат корист од поддршката на големите автомобилски компании, Lamborghini е во сопственост на VW групата, главниот акционер на Ferrari е FCA, од неодамна Geely го купи Lotus… Според Bloomberg TV, пред претстојната јавна понуда на акции, Aston Martin беше проценет на 5 милијарди фунти.