Наследникот на Lamborghini Aventador со 1.000 „коњи“

Моделот кој ќе го наследи Aventador во гамата на италијанскиот производител Lamborghini ќе добие хибриден погон

Силата на енергетската единица ќе биде околу 1000 КС, откри директорот на одделот за истражување на компанијата, Маурицио Реџиани, на салонот во Детроит.

Префрлањето во хибридна технологија станува задолжително за брендот, бидејки тоа е начинот на кој може да ги покрие новите ригорозни граници за штетни гасови. Во исто време, употребата на дополнителен електричен мотор ќе овозможи зголемување на моќноста. Наследникот на Aventador ќе биде подготвен во 2020 година, со ново име и нов мотор со внатрешно согорување.

Aventador

Станува збор за V8 Twin-Turbo, развивајќи околу 800 КС. Во комбинација со него ќе работат еден или два електрични мотори, кои ќе ја зголемат моќноста на автомобилот до 1000 КС. Новиот италијански суперкар ќе го задржи 7-брзинскиот роботски менувач и активниот систем за аеродинамика, кои во моментов се користат во модификацијата Huracán Performante.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close